четврток, јуни 18, 2026
Дома МАГАЗИН Променливо облачно со услови за локален дожд и засилен ветер

Променливо облачно со услови за локален дожд и засилен ветер

41

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во западните делови ќе има повремен локален дожд со слаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Утре, утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот не очекува сончево време.

Од вторник ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец.

Сепак, кон крајот на седмицата повторно се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

ИЗДВОЕНИ