петок, ноември 6, 2026
Дома СВЕТ Зеленски бара двопартиска поддршка од САД – приоритет се дополнителни ракети за...

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД – приоритет се дополнителни ракети за системите „Патриот“

0
Фото: EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина мора да ја прилагоди својата политичка стратегија кон Соединетите Држави по резултатите на Демократската партија на изборите на средината од мандатот, како и дека мора да обезбеди поддршка од двете главни американски партии за да се гарантира континуиран прилив на воена и финансиска помош.

„Разбирањето на промените во односот на политичките сили е клучно за воспоставување ефективен дијалог“, рече Зеленски во интервју за украинската телевизиска мрежа ТСН.

Тој набавката на дополнителни ракети за американските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ ја посочи како главен приоритет на Киев, предупредувајќи дека ситуацијата за Украина би можела да стане исклучително тешка доколку ова прашање не се реши.

На 30 октомври, Стејт департментот на САД одобри можна продажба на 500 пресретнувачки ракети за системите „Патриот“ на Украина, во вредност од 2,1 милијарда долари.

Сепак, Зеленски предупреди дека испораките според овој договор можеби нема да започнат во следните неколку години, додека на Украина ѝ се потребни ракетите уште претстојната зима.

ИЗДВОЕНИ