петок, ноември 6, 2026
Дома МАГАЗИН Маск призна: Бесплатното обезбедување на „Старлинк“ за Украина беше грешка

Маск призна: Бесплатното обезбедување на „Старлинк“ за Украина беше грешка

0

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск се надоврза на критиките во врска со неограничениот пристап на Украина до сателитскиот систем „Старлинк“ (Starlink), развиен од неговата компанија „Спејс-икс“ (SpaceX).

„Гледајќи наназад, ’Спејс-икс‘ направи грешка со испраќањето илјадници бесплатни терминали за ’Старлинк‘ и обезбедувањето бесплатна услуга во вредност од милиони долари месечно“, повтори Маск во нова објава на платформата „Икс“ (X).

Маск одговори на нападите од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои се однесуваа на ограничувањата наметнати врз употребата на американскиот сателитски систем од страна на украинските сили.

„Она што започна како пристап до интернет за цивили, стана основа за автономни дронови-убијци“, напиша бизнисменот.

Маск истакна дека оние што го користат „Старлинк“ за воени цели, сега почнаа – преку медиумите – да исмеваат секого што се обидува да се вмеша во нивните операции.

ИЗДВОЕНИ