Утрово цела Македонија се разбуди со ниски температури, а најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени минус седум степени. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утрински минуси се забележани и во Берово, Крушево и Маврово.
Утрински температури по градови:
-7°C: Попова Шапка
-3°C: Берово, Крушево
-2°C: Маврови Анови
1°C: Охрид, Крива Паланка, Претор, Битола
2°C: Тетово, Прилеп, Струмица, Штип
3°C: Скопје (Зајчев Рид и Петровец), Куманово, Виница
4°C: Кавадарци, Демир Капија
5°C: Велес
7°C: Гевгелија (најтопло)
Снежната покривка на Попова Шапка и понатаму е значителна и изнесува 58 сантиметри.












