Професорите од Харвард ја тужат администрацијата на Трамп поради закана

103

Професорите од Универзитетот Харвард ја тужеа администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради нејзината закана дека ќе го преиспита федералното финансирање на Универзитетот во вредност од 9 милијарди долари.

Во тужбата се наведува дека администрацијата на Трамп го злоупотребила шестиот акт од Законот за граѓански права за да ги принуди универзитетите да ја нарушат слободата на говорот и да спроведуваат истраги во корист на владината политика, пишува Блумберг.

Харвард се најде под зајакната контрола откако американската влада објави дека ќе побара сериозни промени во водечката образовна институција по бранот пропалестински студентски протести.

„Харвард, како и сите американски универзитети, зависи од федералното финансирање за да ги спроведе своите академски истражувања. Ваквите закани во суштина се „пиштол за главата“ на универзитетот“, се наведува во тужбата на Харвард.

Администрацијата на Трамп преиспитува финансирање од милијарди долари за образовните институции, а Министерството за образование покрена истрага во 60 училишта за да утврди дали тие прават доволно за да ги заштитат еврејските ученици.

ИЗДВОЕНИ