понеделник, јуни 22, 2026
Дома КУЛТУРА Проекција на филм и дискусија за алтернативните начини на заедничкото живеење

Проекција на филм и дискусија за алтернативните начини на заедничкото живеење

116

Во кино-салата на Железничката станица (ул. Борка Талевски 26, Скопје), на 8 мај, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи филмска проекција и дискусија посветена на кооперативното домување и алтернативните начини на заедничко живеење. Настанот е дел од платформата „Градот како сцена“ (City as a Stage) организирана од организацијата АКТО-ФРУ.

Филмот „Living Together: The Story of De Warren“ следи група млади луѓе кои во Амстердам основаат станбена заедница која треба да биде истовремено одржлива, социјална и достапна. Проектот е амбициозен — прв од ваков вид во Холандија — а никој во групата на млади станбени пионери претходно не изградил куќа.

Веднаш по филмот следува дискусија со Ана Ѓокиќ и Марк Нилен, интердисциплинарни уметници од Холандија, кои ќе го споделат своето искуство за проекти за кооперативно живеење. Дискусијата ќе ја предводи филозофот Максим Никифоровски.

Влезот е слободен и отворен за пошироката јавност.

„Градот како сцена“ е платформа поддржана од Гете Институтот во Скопје и е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој” на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

ИЗДВОЕНИ