Од денеска до недела започна реализацијата на најмасовната еко-акција во земјава и на Балканот – „Генералка викенд“. Акцијата „Генералка викенд“ од денеска па се’ до недела ќе обедини десетици илјади волонтери во повеќе од 80 општини, со цел чистење на јавните површини и дивите депонии. Акцијата се одржува по шести пат и мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании.

Организаторите од „Мен енд Маунтен“ очекуваат рекордна вклученост на институции, компании и граѓани.
Покрај чистењето, фокусот е ставен и на подигање на јавната свест и поттикнување на селекција и рециклирање на отпадот. Пораката останува јасна – грижата за животната средина треба да стане секојдневна навика, а не само еднократна акција.













