понеделник, ноември 9, 2026
Дома СКОПСКА Продолжува отстранувањето на хаварисаните возила од јавните површини

Продолжува отстранувањето на хаварисаните возила од јавните површини

1

Општина Аеродром продолжува со конкретни активности за ослободување на јавните паркинзи и за воспоставување комунален ред. По претходно известување на сопствениците и по спроведена постапка, општинскиот Инспекторат активно ги отстранува хаварисаните, отпадните и нерегистрираните возила од јавните површини.

– Возилата се подигаат со шлеп-служба и се транспортираат на општинското депо, со што се ослободуваат паркинг-места и простор за граѓаните – информираат од Општина Аеродром.

Според општинските власти, активностите опфаќаат и возила нерегистрирани повеќе од три години, како и камп-приколки и чамци оставени на јавни паркинзи. За утврдените неправилности ќе следуваат отстранување и соодветни санкции согласно со законските прописи.

Од Општина Аеродром ги повикуваат сопствениците навремено да ги отстранат возилата што подолг период зафаќаат јавен простор.

Оттаму велат дека ќе продолжат со доследните контроли и со спроведувањето на мерките на целата територија.

 

 

ИЗДВОЕНИ