понеделник, септември 28, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Продолжува мерката за намален ДДВ за дизелот до 12 октомври

Продолжува мерката за намален ДДВ за дизелот до 12 октомври

1

Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18% на 10%, до 12 октомври. Како што објави пред малку министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, Влада продолжува да ги штити стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија.

– Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги. Реагираме навремено и одговорно, следејќи ги движењата на меѓународните пазари и преземајќи мерки кога тоа е потребно за да го заштитиме стандардот на граѓаните – вели министерката Димитриеска-Кочоска.

ИЗДВОЕНИ