сабота, ноември 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обвинителство прибира докази за случајот со претепаната гостиварчанка – активирана е процедурата...

Обвинителство прибира докази за случајот со претепаната гостиварчанка – активирана е процедурата за итно постапување при семејно насилство

0

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се преземаат итни дејствија за прибирање докази за случајот со брутално претепаната жена од Гостивар. Жената синоќа беше примена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба.

„Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази“, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Активирана е воспоставената процедура за итна координација при пријави за семејно насилство.

„Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи“, посочуваат од Обвинителството.

По укажаната прва помош во болницата во Гостивар, жената била пренесена во Ургентниот хируршки центар во Скопје. Таа имала повреди на главата и на градниот кош, како и деформитети на лицето.

ИЗДВОЕНИ