четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Пристигна големо „НЕ“ за Трамп од НАТО

Пристигна големо „НЕ“ за Трамп од НАТО

719
EPA/SHAWN THEW

Германија денес порача дека НАТО не треба да игра улога во обезбедувањето на Ормускиот теснец откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Северноатлантската алијанса ќе се соочи со „многу лоша“ иднина ако не помогне во деблокирањето на морскиот пат контролиран од Иран.

CNN објави дека германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се обратил на медиумите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел и рекол дека Германија не гледа потреба НАТО да „преземе одговорност“ за Ормускиот теснец.

Вадефул рече дека Германија, наместо тоа, е за воведување санкции врз оние кои се „одговорни“ за блокадата на клучниот теснец.

Трамп: Многу лошо за НАТО ако не ни помогне да го деблокираме Ормускиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со „околу седум“ земји за „мониторинг“ на Ормускиот теснец, кој Иран го блокира од почетокот на војната со Израел и САД.

Тој додаде дека очекува Кина да помогне во обезбедувањето на Ормускиот теснец и сугерираше дека можеби ќе го одложи претстојниот самит со кинескиот претседател Си Џинпинг ако Пекинг не се согласи да помогне.

Иако не именуваше други земји на кои им се обрати, Трамп го спомена НАТО, како и други земји за кои верува дека треба да „ја бранат својата територија“, велејќи дека под територија мисли на местата од кои тие земји добиваат енергија.

Трамп предупреди дека доколку нема одговор од тие земји, тоа би можело да биде „многу лошо за иднината на НАТО“, додавајќи дека Соединетите Американски Држави биле „многу мили“ кон своите европски сојузници.

На Трамп му е потребна помош од Кина во решавањето на кризата на Блискиот Исток

ИЗДВОЕНИ