сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Принцот Ендру под истрага поради наводи за сексуално вознемирување

Принцот Ендру под истрага поради наводи за сексуално вознемирување

34
EPA/NEIL HALL

Британската полиција започна истрага против Ендру Маунтбатен-Виндзор поради наводи за сексуално вознемирување, откако една жена пријавила дека била однесена во неговиот дом за да има „односи со него“.

Помошникот началник на полицијата во долината Темза, полицаецот Оливер Рајт, изјави дека истрагата продолжува, нагласувајќи дека станува збор за сложен случај кој бара анализа на голема количина информации добиени од јавноста и други извори, и дека полицијата ќе продолжи да ги разгледува сите релевантни насоки на истрагата и навремено да ја информира јавноста, објави Скај њуз.

Ендру Маунтбатен-Виндзор е под истрага откако беше уапсен на неговиот 66-ти роденден во Норфолк и силно негира каква било вмешаност во криминални активности.

Специјална единица во полицијата во долината Темза изрази загриженост дека жртвите на Епстин може да бидат обесхрабрени да се јават и разговарала со голем број сведоци откако осомничениот бил уапсен.

Братот на кралот Чарлс II е испрашуван под сомнение за злоупотреба на јавна функција во истрагата започната по објавувањето на документите за случајот Џефри Епстин во јануари.

Досиејата наводно укажуваат дека Ендру му испратил чувствителни и комерцијални информации на сексуалниот престапник Епстин.

Според извор на „Скај њуз“, истрагата не е ограничена само на финансиски аспекти, туку опфаќа поширок спектар на можни кривични дела, вклучувајќи сексуални престапи, измама, корупција и попречување на правдата.

Полицијата ги проценува наводите дека Епстин испратил жена, тогаш малолетничка, да се сретне со Ендру во Велика Британија во 2010 година, но таа не била испрашувана.

ИЗДВОЕНИ