Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша преземањето контрола врз иранската нафта како „опција“.
Кога еден новинар го праша за тоа за време на состанокот на кабинетот во Белата куќа во четврток, тој рече:
– Не би зборувал за тоа, но тоа е опција.
САД неодамна нападнаа ирански воени објекти на островот Харг во Заливот, кој е клучен за извозот на нафта на Иран.
Минатиот понеделник, поради тековните преговори со Иран, Трамп нареди енергетската инфраструктура на земјата да не биде нападната пет дена, објави ДПА.
Синоќа, Трамп, повторно ги одложи планираните напади врз иранските енергетски објекти, продолжувајќи го рокот за постигнување договор. Трамп објави на социјалната мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) дека, „на барање на иранската влада“, ќе ги суспендира нападите за период од 10 дена. Тој изјави дека новиот рок истекува на 6 април во 20 часот по источно време.
Тој додаде дека преговорите меѓу САД и Иран за прекин на конфликтот се уште се во тек и дека, и покрај тврдењата на „лажните медиуми“, тие „напредуваат многу добро“.












