недела, јуни 7, 2026
Дома СКОПСКА Претпладнево во скопски Аеродром: Посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска...

Претпладнево во скопски Аеродром: Посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска трка

1183

Министерство за внатрешни работи информира дека денеска во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска улична трка.

Настанот ќе се одржи во периодот од 07:30 до 11:30 часот, со старт и цел на булеварот „Јане Сандански“.

Трасата на движење ќе опфати повеќе сообраќајници:

дел од бул. „Јане Сандански“ (од крстосницата со бул. „Србија“ и бул. „Видео Смилевски Бато“ до ул. „Владимир Комаров“)

дел од ул. „Васко Карангелевски“ (од бул. „Јане Сандански“ до бул. „АСНОМ“)

дел од бул. „АСНОМ“ (од бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“ до ул. „Васко Карангелевски“)

Од МВР најавуваат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на движењето, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на настанот.

ИЗДВОЕНИ