Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Максималните температури во текот на денот ќе бидат во опсегот меѓу 24 и 32 Целзиусови степени.
Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд.
Од вторник и во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и значително посвежо.












