среда, ноември 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Осумдневен притвор за двајцата вработени на УГД: Ќе одговараат за компјутерска измама...

Осумдневен притвор за двајцата вработени на УГД: Ќе одговараат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба

0

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување на мерка притвор од осум дена за двајцата вработени во Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Обвинителството и МВР попладнево информираа дека во случајот со бришење и манипулации во електронскиот индекс се опфатени 44 годишниот Р.Т раководител на е-индекс и 44 годишната М.М.Н советничка на студентска архива од Универзитетот „Гоце Делчев“. Двајцата вработени ќе се гонат кривично за компјутерска измама и злоупотреба на службена положа.

Според МВР 44 годишниот Р.Т раководител на е-индекс за различна сума на пари, подолг временски период, на студенти од Турција им пријавувал испити по истекот на предвидениот рок, полагање на испити по затварање на системот за пријавување испити, бришел и оценки и кредити на студентите во е-индекси со цел да запишат нов семестар или година, а внесувал и податоци дека наводно студентите ја платиле потребната школарина. При претресот во неговиот дом одземени се три лап топ комјутери, четири телефони, усб стикови, документација, како и пари. Со судска наредба извршено е пребарување на системот на е-индекс и системот на податоци на Универзитетот при што се пронајдени и одземени електронски податоци за извршени промени во тој систем.

-Но, при тоа пронајдени се записи и за извршени промени во системот и од страна на 44 годишната М.М.Н.вработена како советник на студентска архива и кај неа е извршен претрес на домот по дополнително издадена судска наредба, по што е лишена од слобода – соопштија од МВР.

Според Обвинителството двајцата вработени на штипскиот Универзитет ова го работеле од 2021-2026 година, а како што наведуваат за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра.

ИЗДВОЕНИ