Нивото на водата во Охридско Езеро денеска изнесува 693,15 метри надморска височина, покажуваат најновите податоци на Управата за хидрометеоролошки работи.
Според измерените вредности, нивото на езерото е за 14 сантиметри под просекот за месец ноември, кој изнесува 693,29 метри надморска височина.
Истовремено, водостојот е само пет сантиметри над дозволениот природен минимум, утврден на 693,10 метри надморска височина.
Податоците укажуваат дека нивото на Охридско Езеро и натаму се движи блиску до долната граница на дозволениот природен минимум.












