
Министерството за финансии на САД денес одобри општа лиценца за Иран што дозволува производство, испорака и продажба на сурова нафта, петрохемикалии и нафтени производи од иранско потекло до 21 август, врз основа на Меморандум за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран.
Врз основа на Меморандумот, кој беше потпишан кон средината на минатата недела, а првата рунда преговори за негово спроведување се одржа во текот на викендот, САД се согласија да дадат исклучоци од санкциите против Иран во врска со извозот на иранска сурова нафта, нафтени производи и деривати, како и сите поврзани услуги, вклучувајќи банкарски трансакции, осигурување и транспорт, објави Ројтерс.
Трансакциите овластени со општата лиценца вклучуваат увоз на сурова нафта, петрохемикалии и нафтени производи од иранско потекло во Соединетите Американски Држави.
Лиценцата не овластува трансакции што вклучуваат Северна Кореја или Куба.











