Во Македонскиот народен театар, на 28. ноември, во 12:00 часот премиерно ќе биде прикажан краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“.
По проекцијата на филмот, приказната ќе продолжи во живо на сцената со театарски перформанс за деца, со дијалози, песна, танц и интеракција со публиката. Режијата ја потпишува Бојан Трифуновски, еден од нашите најистакнати театарски режисери, со посебен сензибилитет и чувство за работа со деца.
Целата премиерна програма ќе трае околу 45 минути и е замислена како мултимедијално искуство за целото семејство, спој на филм, театар и музика.
Театарскиот перформанс е замислен како мини мјузикл за деца, во кој освен тематска песна на филмот „Ќе бидам пријател”, ќе има и песна од Калиопи која ја отстапи специјално за овој перформанс.












