вторник, октомври 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Mажот смртно прегазен покрај автопат, возачот побегнал

Mажот смртно прегазен покрај автопат, возачот побегнал

0

Седумдесет и седумгодишен маж од велешкото село Мамутчево загинал откако бил удрен од автомобил на автопатот Градско–Велес, кај местото викано „Штипска клучка“.

Несреќата била пријавена вчера околу 5:30 часот. Според информациите од МВР, патничко возило удрило во пешакот С.М. (77), по што возачот не застанал, туку го напуштил местото на несреќата.

Од здобиените повреди мажот починал на самото место, а смрт констатирал лекар. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Полицијата работи на расчистување на случајот и на пронаоѓање на возачот и возилото што учествувале во несреќата.

Случајот го потврди и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој при гостување на Канал 5 изјави дека на автопат бил пронајден прегазен човек кој починал на местото.

ИЗДВОЕНИ