вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА Прехранбени и хигиенски пакети за социјално ранливите категории граѓани

Прехранбени и хигиенски пакети за социјално ранливите категории граѓани

28

Општина Илинден прими хуманитарна донација од општествено одговорната компанија ТАВ Македонија, во рамки на подготовките за традиционалната велигденска акција „Подај рака – хумана Општина Илинден“.

Донацијата, која содржи прехранбени и хигиенски пакети наменети за социјално ранливите категории граѓани, му беше врачена на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, од генералниот директор на компанијата ТАВ Македонија, Неџат Курт.

– На средбата беше истакнато значењето на партнерството меѓу локалната самоуправа и општествено одговорните компании, особено во пресрет на големиот христијански празник Велигден – соопштија од Општина Илинден.

Градоначалникот Георгиевски  истакна дека ваквите донации имаат суштинско значење за напорите да се обезбеди достоинствено одбележување на големиот христијански празник Велигден за сите семејства во општина Илинден.

Генералниот директор на ТАВ Македонија нагласи дека компанијата останува посветена на поддршката на заедницата, со цел празничните денови да бидат исполнети со повеќе грижа, солидарност и човечност.

ИЗДВОЕНИ