вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА Играчки за новата градинка „8 Март“ во Потстаница

Играчки за новата градинка „8 Март“ во Потстаница

76

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, денеска го посетија новиот објект на градинката „8 Март“, во населбата Потстаница, кој е во завршна фаза на подготовки пред неговото официјално отворање.

При заедничката обиколка, Мицкоска донесе подароци, играчки наменети за дечињата кои ќе бидат згрижени во оваа установа.

Од Општина Кисела Вода соопштија дека внатрешноста на градинката е веќе целосно опремена со современи реквизити, а во моментов тековните активности се насочени кон финално уредување на дворот.

– Играчките ќе донесат многу радост за дечињата во овој нов објект, кој наскоро ќе ги отвори своите врати. Континуираното вложување во детската заштита и проширувањето на капацитетите останува наш врвен приоритет – истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.

Таа додаде дека овој месец e веќе ставена во функција уште една градинка во населбата 11 Октомври – Згради, каде што веќе се примаат дечиња.

ИЗДВОЕНИ