вторник, ноември 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Предавање за безбедно и одговорно движење во планина во зима

Предавање за безбедно и одговорно движење во планина во зима

13

Со зимата се зголемува бројот на несреќи во планина, а голем дел од нив можат да се избегнат со добра подготовка, соодветна опрема и одговорни одлуки.

По тој повод, Федерацијата за планинарство на Македонија со поддршка на Општина Битола и Културниот и информативен центар – Битола, организира предавање „Безбедно движење во планина во зимски услови“, кое ќе се одржи  денеска, во 19:00 часот, во Офицерски дом – Битола. Поздравно обраќање ќе има Даниело Божиновски, претседател на Федерацијата за планинарство на Македонија.

Предавањето е посветено токму на безбедното и одговорното движење во планина в зима: планирањето на турата, опремата (цепин, дерези, јаже), движењето по снег и мраз и препознавањето на опасностите. Наменето е за сите љубители на планината, од почетници до искусни планинари.

Настанот доаѓа набрзо откако ФПСМ, на 17 октомври 2026 година во Закопане, Полска, стана полноправна членка на Меѓународната федерација за ски-планинарство (ISMF).

ИЗДВОЕНИ