петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Пратениците на Трамп „не ги разбраа“ предлозите за нуклеарната програма на Иран,...

Пратениците на Трамп „не ги разбраа“ предлозите за нуклеарната програма на Иран, тврди советник на Бајден

126

Џејк Саливан, поранешен советник за национална безбедност на поранешниот американски претседател Џо Бајден, изјави дека американскиот тим не ги разбрал предлозите на земјата за време на преговорите со Иран пред воениот удар.

Саливан зборуваше за ова во емисијата „Дејли шоу“ на Џон Стјуарт, наведувајќи дека лично учествувал во преговорите меѓу САД и Иран за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, за време на кои иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, бил присутен како преговарач, објави денес Ал Џезира.

„Само неколку дена пред да почнеме да го бомбардираме Иран, Иранците презентираа предлог во Женева што во голема мера ќе придонесеше за решавање на нуклеарното прашање. И од она што го разбирам, нашата страна, нашите преговарачи, едноставно не разбраа што им се нудеше, го игнорираа и сепак решија да нападнат“, рече Саливан.

ИЗДВОЕНИ