среда, јули 29, 2026
Дома СПОРТ Познат е списокот со играчи на кои не смета Мурињо

Познат е списокот со играчи на кои не смета Мурињо

0
epa13130669 Real Madrid's head coach Jose Mourinho leads the team's training session held at Alfredo di Stefano stadium, in Madrid, Spain, 24 July 2026. EPA/Victor Lerena

Реал Мадрид направи четири големи трансфери во текот на летниот преоден рок, но се чини дека Флорентино Перес и неговите соработници само се загреваат.

„Кралевите“ потрошија 55 милиони евра за Марк Кукуреља, кој дојде од Челзи, додека Дензел Дамфрис пристигна од Интер за 20 милиони. Бернардо Силва и Ибрахима Конате, исто така, му се приклучија на Реал Мадрид како слободни агенти.

Сепак, Реал Мадрид работи со полна пареа за да доведе уште три големи ѕвезди, за кои ќе потроши над 200 милиони евра.

Трансферот на Јан Диоманде, кој пристигнува од РБ Лајпциг, ќе чини околу 120 милиони евра, а официјалната потврда за купувањето на 19-годишникот е прашање само на време.

Покрај Диоманде, тука е и Родри, кој сака да потпише за Реал Мадрид, а неговиот трансфер од Манчестер сити треба да изнесува околу 50 милиони евра. Покрај овој тандем, со Реал Мадрид се поврзува и Алесандро Бастони од Интер, чиј трансфер би можел да биде околу 60 милиони евра доколку се постигне договор.

Сепак, доаѓањето на сите овие играчи значи и дека Реал Мадрид мора да продаде дел од играчите од првиот тим бидејќи едноставно нема место за сите нив во тимот.

Шпанските медиуми објавуваат дека шефот на стручниот штаб, Жозе Мурињо, веќе отпишал некои играчи, и јасно им го ставил тоа до знаење.

Прв што ќе ги спакува куферите и ќе си замине е Раул Асенсио, а веднаш по него, Ендрик и Франко Мастантуоно речиси сигурно ќе одат како позајмени.

Дополнително, се чини дека Едуардо Камавинга и Аурелиен Чуамени ќе завршат на трансфер-листата, бидејќи еден од нив ќе биде вишок во средниот ред ако потпише Родри за Реал Мадрид.

Се вели дека Ферланд Менди и Алваро Карерас ќе бидат на трансфер-листата, бидејќи доаѓањето на Кукурела создаде метеж на левата бековска позиција.

Во секој случај, јасно е дека можеме да очекуваме многу возбудлив период во Реал до крајот на летото кога станува збор за заминувањата.

ИЗДВОЕНИ