Украинската национална служба за управување со вонредни состојби денес објави дека пожарникарите се борат со пожар во зоната на Чернобил, кој бил предизвикан од падот на украинските беспилотни летала.
Во извештајот се додава дека нивото на радиоактивност, кое постојано се следи во оваа област поради нуклеарната катастрофа од 1986 година, е во нормални граници.
„Во моментов, спасувачите од Државната служба за вонредни состојби, како и пожарникарите, работат на лице место. Вкупно, повеќе од 200 луѓе и околу 60 единици специјална опрема се вклучени во гаснењето на пожарот“, според соопштението, пренесува „Украинска правда“.
Украинските власти нагласија дека поради топлината, недостатокот на врнежи и контаминацијата на територијата со експлозиви, пожарот би можел брзо да се прошири.












