четврток, август 13, 2026
Дома БАЛКАН Пожарникар се струполи на земја додека го гаснеше пожарот на Халкидики: Спасувачот...

Пожарникар се струполи на земја додека го гаснеше пожарот на Халкидики: Спасувачот изведе успешен маневар/ВИДЕО

0

Во туристичкото одморалиште Сивири на Халкидики, цел ден беснеат силни пожари, кои веќе зафатија голем дел од грчкиот полуостров Касандра.

Пожарникарите неуморно работат на гаснење на пожарот што се шири, но не им е лесно ниту да се борат со огнената стихија.

Имено, денес еден од пожарникарите ја изгубил свеста додека го гаснел пожарот, а спасител без двоумење му притрчал на помош и го извлекол на безбедно место.

– Брзата реакција на спасувачите била клучна. Пожарникарот бил отстранет од местото на настанот и му била укажана потребната прва помош – пишува на Инстаграм страницата „grčkainfo“

– Голема благодарност до сите пожарникари, спасувачи и сите што се борат и ризикуваат со своите животи овие денови за да ги заштитат другите. Нивната храброст, посветеност и брза реакција заслужуваат огромна почит – се додава во објавата.

Пожарот се приближува кон домовите
За потсетување, поради пожар што беснее неконтролирано во туристичкото место Сивири на грчкиот полуостров Касандра на Халкидики, денес е започната евакуација по море, а пожарот се проширил низ земјоделско и шумско земјиште, се приближил до домовите и предизвикал материјална штета.

ИЗДВОЕНИ