сабота, ноември 14, 2026
Дома БАЛКАН Се запали трамвај во Загреб/видео

Се запали трамвај во Загреб/видео

1
Фото:принтскрин, видео „Индекс“

Утринава, на крстосницата од авенијата „Марин Држиќ“ и улицата „Град Вуковар“ во Загреб, се запали трамвај, објави хрватски „Индекс“.

Од ZET (Загребски електричен трамвај) соопштија дека трамвајскиот сообраќај на споменатата крстосница е во прекин. Трамвајските линии 2, 3 и 5 сообраќаат по изменети траси.

Од Јавната противпожарна служба на Загреб потврдија дека добиле пријава и дека веќе нема отворен пламен.
Репортер на хрватски „Индекс“ од терен јавил дека на местото на настанот се присутни полицијата, пожарникарите и итната медицинска помош.

ИЗДВОЕНИ