недела, август 16, 2026
Дома БАЛКАН Пожар во хотел во Албанија: Шест туристи се повредени, петмина од нив...

Пожар во хотел во Албанија: Шест туристи се повредени, петмина од нив се Косово – луѓето скокале од балконите да се спасат

41
Фото:пекселс

Шест туристи, петмина од Косово, се повредени во пожар во хотел во Валона, Албанија, објави денес „Албанска пошта“.

Пожарот избувнал околу 4:00 часот во бар на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на хотелските соби на горниот кат. За да избегаат од пламенот, некои гости скокнале од балконот.

Зградата била целосно изгорена, објавува „Њузмакс Балканс Албанија“ („Newsmax Balkans Albania“).

Петмина од повредените се однесени во болницата за изгореници во Тирана на лекување, додека едно лице е на лекување во регионалната болница во Валона. Двајца од повредените се здобиле со тешки изгореници.

Повредените се претежно млади луѓе, на возраст од 25 до 30 години.

Истрагата и прегледот на снимките од безбедносните камери утврдиле дека пожарот бил случаен, предизвикан од електричен штекер во фрижидер лоциран во ресторанот на приземјето од зградата.

ИЗДВОЕНИ