недела, август 2, 2026
Дома СВЕТ Пожар на траект во Индонезија одзеде најмалку пет животи

Пожар на траект во Индонезија одзеде најмалку пет животи

10

Најмалку пет лица загинаа, а 41 се водат како исчезнати откако траект се запали кај индонезискиот остров Мадура, соопшти денес националната агенција за пребарување и спасување.

Траектот превезувал 271 патник и членови на екипажот, од кои 225 се спасени, а потрагата по исчезнатите е во тек, според агенцијата, пренесува „Ројтерс“.

Траектот пловел од Сурабаја во Источна Јава до градот Макасар во Јужен Сулавеси пред несреќата.

Причината за пожарот не е позната.

Последниот инцидент е забележан во вторник вечерта над Северниот Остров, додека слична трага од пожар е забележана во недела над Јужниот Остров, пренесе „Бета“.

 

ИЗДВОЕНИ