сабота, септември 26, 2026
Дома СКОПСКА Повторно ставен во функција пунктот за наплата во Шуто Оризари

Повторно ставен во функција пунктот за наплата во Шуто Оризари

34

Во насока на поголема достапност и олеснување на услугите за граѓаните, ЈП „Водовод и канализација“ повторно го стави во функција наплатниот пункт во општина Шуто Оризари, со што жителите на Општината добиваат полесен и поефикасен пристап до услугите за наплата.

По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на пунктот.

Наплатниот пункт е лоциран во приземјето на општинската зграда и е достапен за корисниците секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот.

Од претпријатието велат дека продолжуваат со унапредувањето на услугите и нивното доближување до граѓаните, со цел поголема достапност и ефикасност за сите корисници.

 

 

ИЗДВОЕНИ