
Повеќе од еден милион луѓе ги исполнија улиците на Мадрид и еден од неговите главни плоштади утринава, додека папата Лав се возеше во папамобилот по главната улица во градот одејќи на миса на отворено. Некои фрлаа цветни ливчиња кога тој пристигна на плоштадот.
Папата го почна своето патување во саботата, со средби со мигранти и бездомници и бдеење со околу 600.000 млади луѓе во Мадрид. Посетата, која трае од 6 до 12 јуни, вклучува патувања во Барселона и Канарските Острови, каде што ќе се сретне со мигранти кои ги ризикувале своите животи преминувајќи го морето од Западна Африка.
Тој изрази надеж дека оваа прва негова посета во земја од ЕУ, надвор од Италија, ќе постави пример за светот во почитувањето на „секое човечко суштество“ и ги повика лидерите да престанат да го делат електоратот.











