„Потпишувањето на договорот за минерали е чекор кон ставање крај на војната во Украина“

104
EPA-EFE/Sean Gallup / POOL

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска оцени дека потпишувањето на договорот со Украина за основање на американско-украинскиот инвестициски фонд за обнова е чекор кон ставање крај на војната иницирана од Русија.

„Благодарение на напорите на американскиот претседател и под водство на Соединетите Американски Држави, денеска Соединетите Американски Држави и Украина го потпишаа Договорот за инвестициски фонд за реконструкција – пресвртница во нашиот заеднички просперитет и важен чекор за ставање крај на оваа војна“, наведе Рубио на платформата X.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека договорот за минерали ќе им даде на САД повеќе отколку што потрошиле за Украина.

ИЗДВОЕНИ