недела, септември 20, 2026
Дома СВЕТ Северна Кореја лансираше уште една ракета: Проектилот падна во Јапонското Море

Северна Кореја лансираше уште една ракета: Проектилот падна во Јапонското Море

27

Северна Кореја денеска лансираше проектил – за кој постои сомневање дека е балистичка ракета – кон Јапонското Море, соопшти јапонското Министерство за одбрана, соопшти „Еуроњуз“.

Ракетата падна надвор од јапонската ексклузивна економска зона, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица, објави новинската агенција Кјодо.

 

Ова најново лансирање на ракета уследи по истрелувањето на повеќе балистички ракети од страна на Пјонгјанг кон Јапонското Море претходно во септември. Јапонската министерка Санае Такаичи им наложи на надлежните владини служби да ги соберат и анализираат информациите во врска со најновиот инцидент, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ