Од 1 јануари 2026 година граѓаните ги чека вистински ценовен шок во здравствените установи. Иако од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) зголемувањето го оценија како „симболично“, новите цени на партиципацијата покажуваат драстичен скок, особено за итните случаи и специјалистичките прегледи.
По повеќе од 10-годишно одложување се одлучивме да ги зголемиме цените за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Специјалистичкиот преглед, според ценовникот на Фондот, појасни тој, досега беше 380 денари и е децениска цена.
„Сега зголемувањето е на 720 денари. Нето ефектот на оваа одлука за здравствените установи ќе биде околу милијарда денари на годишно ниво, 80 отсто во јавниот и 20 отсто во приватниот сектор, бидејќи имаме јавен и приватен специјалистички сектор. Интернистичкиот пакет е со помал ефект, ќе биде плус околу 340 милиони денари. Ќе има симболично зголемување на партиципацијата. За услуга која сега се наплаќа 40 денари ќе биде 60 денари“, додаде Клековски.
ИЗДВОЕНИ

Концерт на Јован Јованов и Елвир Мекиќ: Сензацијата во бело ја разбуди носталгијата на една генерација/ФОТОГАЛЕРИЈА

Мицкоски по самитот во Тиват: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите и да испорачуваме врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања

Започна годинашното полагање на државната матура – годинава полагаат 14.500 ученици

Сиљановска Давкова го прогласи фестивалот за отворен: Шест децении сцената на МТФ „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност








