сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Поранешниот шеф на кабинетот на Зеленски, Јермак, излезе од притвор со кауција...

Поранешниот шеф на кабинетот на Зеленски, Јермак, излезе од притвор со кауција од 3,2 милиони долари. Ќе му судат за корупција и перење пари

37
epa12950614 Andrii Yermak, the former head of the office of the Ukraine President, attends a hearing at the High Anti-Corruption Court in Kyiv, Ukraine 12 May 2026. The court will consider a motion to arrest Andrii Yermak who is charged with laundering property obtained by crime, carrying a potential for a prison term of 8 to 12 years with confiscation of property. EPA/MAXYM MARUSENKO

Но, Јермак останува под строги судски ограничувања – не смее да го напушти Киев без дозвола, мора да се јавува на повик на истражителите, обвинителството и судот, да ги предаде пасошите и да носи електронски уред за надзор. Забрането му е и да комуницира со други осомничени во случајот, меѓу кои се поранешниот вицепремиер Олексиј Чернишов и бизнисменот Тимур Миндич.

Јермак е осомничен во истрага за перење пари поврзана со луксузен станбен комплекс во близина на Киев. Украинските антикорупциски органи тврдат дека преку тој проект биле испрани околу 10,5 милиони долари. Јермак ги отфрла обвинувањата и најави жалба на одлуката на судот.

Случајот е дел од пошироката операција „Мидас“, една од најголемите антикорупциски истраги во Украина за време на војната. Во неа се споменуваат повеќе лица блиски до политичкиот и деловниот круг околу украинската власт, меѓу кои и Тимур Миндич, поранешен деловен соработник на Зеленски, по кој аферата неофицијално е наречена Миндич гејт. Антикорупциските институции соопштија дека Зеленски не е предмет на истрагата, иако медиумите шпекулираат дека во комплексот згради преку кој се переле пари и тој добил стан.

Јермак беше еден од највлијателните луѓе во украинската власт од 2020 до 2025 година и важеше за најблизок соработник на Зеленски. Неговата оставка минатата година беше дел од пошироките политички потреси предизвикани од антикорупциските истраги.

 

ИЗДВОЕНИ