четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Поранешниот шеф на Гугл доаѓа на чело на Би-Би-Си – никогаш не...

Поранешниот шеф на Гугл доаѓа на чело на Би-Би-Си – никогаш не работел во радиодифузна компанија

48
EPA/ANDY RAIN

Поранешниот извршен директор на „Гугл“, Мет Бритен, денес беше именуван за нов генерален директор на британскиот јавен радиодифузен сервис „Би-Би-Си“.

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу емисијата „Панорама“ и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Бритен (57), магистер по бизнис администрација, поранешен британски шампион во веслање и страствен велосипедист, помина речиси две децении во „Гугл“ и стана претседател на компанијата за Европа, Блискиот Исток и Африка. Претходно не работел за радиодифузна компанија и вели дека „едвај чека да започне“, опишувајќи го како момент на „вистински ризик, но и голема можност“.

ИЗДВОЕНИ