понеделник, јули 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Поради штракот на грчките цариници гужва на јужната граница

Поради штракот на грчките цариници гужва на јужната граница

30

Патниците кои денеска патуваат кон Грција или се враќаат дома се соочуваат со километарски колони и повеќечасовни застои на јужната граница. Поради најавениот штрајк на грчките царински служби, кој се одржува во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време, сообраќајот на клучните гранични премини меѓу двете земји се одвива отежнато и под посебен, забавен режим.

Ограничувањата се однесуваат на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони (Богородица), Ники (Меџитлија) и Дојрани (Дојран). За време на протестот, патничките возила се пропуштаат во интервали од по десет минути, што создава забавен проток и можни колони.

За разлика од патничките автомобили, товарниот сообраќај е целосно запрен. Камионите и останатите товарни возила не можат ниту да влезат, ниту да излезат од Грција додека трае штрајкот.

Грчките царински службеници со протестот бараат подобри услови за работа и исплата на додатоци за прекувремена работа, сменска работа, работа за време на празници и викенди. Според нивните најави, ова е предупредувачки штрајк што ги опфаќа сите копнени гранични премини во земјата.

Од македонското Министерство за внатрешни работи информираа дека граничните служби од македонска страна работат непречено и според редовните процедури. Посочуваат дека се ангажирани сите потребни човечки и технички ресурси и дека евентуалните задржувања ќе зависат исклучиво од динамиката на работа на грчките гранични служби. Граѓаните се повикуваат да бидат трпеливи и, доколку е можно, патувањето да го прилагодат на периодот по завршувањето на штрајкот.

ИЗДВОЕНИ