петок, јули 10, 2026
Дома СКОПСКА Поради планирани технички интервенции: Делови од „Ѓорче Петров“ денеска ќе останат пет...

Поради планирани технички интервенции: Делови од „Ѓорче Петров“ денеска ќе останат пет часа без електрична енергија

9

ЕВН Македонија информира дека поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа денес ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од општина Ѓорче Петров.

Според најавата, без електрична енергија ќе останат делови од улиците „Борис Сарафов“, „Македонска Преродба“ и „Знеполе“.

Прекинот е планиран во периодот од 09:30 до 14:30 часот.

Од ЕВН апелираат до граѓаните да ги имаат предвид најавените активности и однапред да ги планираат своите обврски.

ИЗДВОЕНИ