четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Поради атлетска трка посебен сообраќаен режим во Скопје

Поради атлетска трка посебен сообраќаен режим во Скопје

39

Во Скопје денес од 10 часот ќе има посебен режим на сообраќај поради атлетска трка.

-Денес со почеток во 10:00 часот, во Скопје, ќе се одржи атлетска трка на 10 км со траса на движење од Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно – соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи посочува дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ИЗДВОЕНИ