Поради 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, автобусите на ЈСП во Скопје утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

27

ЈСП- Скопје информира дека утре јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред поради 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Жичницата ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот. Од утре, четврток (01.05.2025 год.), Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември, соопштија од ЈСП Скопје.

ИЗДВОЕНИ