четврток, октомври 1, 2026
Дома БАЛКАН Есенската слика на континентот пореметена: Европа се загрева, на Балканот студ што...

Есенската слика на континентот пореметена: Европа се загрева, на Балканот студ што најавува зима

0
EPA/ANDY RAIN

Најголем дел од Европа деновиве се наоѓа под влијание на Антициклон (поле на висок воздушен притисок) и на топла воздушна маса од југ кој условува значително повисоки температури од просечните за овој период од годината и стабилно и суво време без врнежи. Температурите се повисоки од просечните за 6 до 8 степени, а локално тие се повисоки од просечните дури и за повеќе од 10 степени.

На повеќето места температурите во Европа се искачуваат близу 30 степени, а локално тие надминуваат 30 степени. Инаку пак во текот на изминатата седмица во делови од Шпанија се мереа температури дури и до 40 степени.

Инаку за разлика од Европа, Балканот, особено неговиот јужен дел имаат значително пониски температури кои се под просекот за овој период од годината. Особено ладни се утрата со температури кои локално се спуштаат близу 0 степени, а на планинските места температурите се спуштаат и за некој степен под нулата.

ИЗДВОЕНИ