сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Попречени хибридни активности на недржавни прокси актери

Попречени хибридни активности на недржавни прокси актери

165

По претходно обезбедени информации на Агенцијата за национална безбедност, кои укажуваа на субверзивно-пропагандни активности во земава на домашни и странски недржавни актери, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи/БЈБ, синхронизирано презедоа организирани мерки и активности за кривично-правен прогон на лица и одземање на пропагандни материјали кои имаат за цел да предизвикаат етничка и национална нетрпеливост, раздор и омраза меѓу граѓаните.

Лицата опфатени во кривичната приjава преку печатење и дистрибуција на пропаганден материјал планирале да поттикнат омраза кон македонската држава и идентитет и предизвикување на тензии, а преку социјалната мрежа Facebook, на страната „Историски податоци за Македонија” споделувале содржини кои предизвикаат национална и етничка дискриминација.

Наведените активности биле поттикнати во координација и по насоки на бугарски државјанин, кој подолг период на социјалните мрежи и преку бот мрежа на информативни портали спроведува пропагандни активности со цел поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство помеѓу македонските и бугарските граѓани во двете земји, од позиција на недржавен прокси актер во функција на хибридно поткопување на стратешките евро-интегративни процеси на Македонија и загрозување на европската безбедност.

Агенцијата во соработка и координација со други надлежни органи ке продолжи да презема мерки и активности со цел детектирање и спречување на вакви слични активности со кои се дискредитираат и повредуваат чувствата на граѓаните, но и се загрозува националната и регионалната безбедност.

ИЗДВОЕНИ