среда, август 19, 2026
Дома МАГАЗИН Поп-пејачката Биба Додева никогаш посреќна!

Поп-пејачката Биба Додева никогаш посреќна!

1

Имаше посебна причина за славење! Популарната македонска поп-пејачка Биба Додева (и, претседателка на здружението „Борка“), која, пред сè, ја знаеме по многу хитови, и која живее на релацијата Охрид – Загреб – Скопје – Охрид и обратно, завчера имаше посебна причина за славење и добро расположение. Биба, која во меѓувреме стана и баба, го прослави роденденот на ќерка си, Емануела, со песна, вино и торта.

– Најмило на мама, порача Биба, а потоа продолжи со истите емоции: Среќен ти роденден, диши слободно, обиди се да пронајдеш убавина во неубавото, лекција во грешките, прилика во проблемите. Луѓето ќе си доаѓаат и заминуваат, ама ти биди присутна во секој момент на својот живот, живеј го со полни гради… Не се плаши никогаш од новото. Менувај се, расти, учи, љуби и уживај. Никому не должиш објаснување ниту за своите грешки и избори, ниту за своите успеси и страсти. Кога ќе паднеш, станувај веднаш. Ќе боли, ќе помине, а и да не помине човек учи да живее и со најголемите болки.

Ти посакувам по патот на животот да ти се појавуваат луѓе кои ќе те сакаат. Го имаш Ац, нас, и себе. Не чекај совршено време за да бидеш среќна. Среќата е и сега и овде. Сум ти го кажала ова и порано и пак ќе ти го кажувам за да те потсетам дека вреди секој ден. Те сака мама најмногу. Одвај чекам да те гушнам….

 

ИЗДВОЕНИ