среда, ноември 25, 2026
Дома МАГАЗИН Сара Мејс со концертна „Зимска симфонија“ во Скопје – во Македонската...

Сара Мејс со концертна „Зимска симфонија“ во Скопје – во Македонската опера и балет  

0

Почнуваме да го броиме крајот на оваа 2026 година. А крајот, како и секоја година, традиционално новогодишно, во Скопје ќе го одбележи популарната Сара Мејс со вокалниот квартет „Грлс“, кој го сочинуваат Ана Петановска, Калина Велковска, Теа Богатинова и самата Сара. Иако програмата на концертот е позната, сепак ќе биде малку поинаква и тоа во пресрет на најлудата ноќ, поточно на 20 декември 2026, во Македонската опера и балет. Со Божиќниот оркестар, под палката на Иван Еминовиќ, тие ќе ја претстават новата „Зимска симфонија“. Овој зимски проект, по петти пат во последниот месец од годината, добива поинаква зимска димензија, со интерактивна сценска приказна и волшебен музички перформанс за сите генерации.

Празничниот концертен музички серијал, исполнет со светски и домашни новогодишни хитови, со сигурност ќе го стопли секое срце во публиката. Организаторот „Евентум“, засега го најавува концертот во Скопје, а наскоро ќе бидат споделени повеќе детали за останатите декемвриски концерти низ Македонија.

Воедно, распеаната Сара Мејс, во екот на актуелните општествени виулици од вести, во претстојните денови најавува одмрзнување на ново музичко изненадување со снежна порака. За што, всушност станува збор, останува да дознаеме…

 

 

 

ИЗДВОЕНИ