четврток, јули 30, 2026
Дома СВЕТ Полскиот премиер: Сè укажува дека станува збор за руска балистичка ракета H-101

Полскиот премиер: Сè укажува дека станува збор за руска балистичка ракета H-101

1
EPA/Radek Pietruszka POLAND OUT

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека ракета влегла во полскиот воздушен простор за време на руски ракетен напад врз западна Украина.

Туск на мрежата X информира дека свикал координативен тим во врска со инцидентот, вклучувајќи го министерот за одбрана и надлежните служби, кои работат на терен со часови и даваат информации за сите околности на инцидентот. Според него, објектот што паднал на земјоделско земјиште во источна Полска во текот на ноќта најверојатно бил руска ракета.

„Сè укажува дека станува збор за руска балистичка ракета H-101, но сакаме да бидеме апсолутно сигурни за видот на ракетата и кој ја лансирал“, рече Туск на вонреден состанок. Истрагата е во тек, пренесе Танјуг.

ИЗДВОЕНИ