среда, ноември 25, 2026
Дома СКОПСКА Половина скопски објекти не се оданочени

Половина скопски објекти не се оданочени

1

Двојно помалку објекти во Скопје се оданочени од она што е запишано во Катастарот на недвижности, покажа репроцената на недвижности што ја прави Град Скопје во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации.

Според податоците во даночната евиденција, на подрачјето на Град Скопје се опфатени околу 17 милиони квадратни метри недвижности (објекти), додека во евиденцијата на Катастарот се запишани околу 39 милиони квадратни метри објекти.

Приходите се делат 50 % за Град Скопје и 50 % за општината во градот Скопје каде што се наоѓа имотот.

Стапката на данок на имот во Градот Скопје изнесува 0,10 % од вредноста на имотот, со дополнително намалување од 50 % за објектот во кој живее даночниот обврзник, што ја прави најниска во Европа.

 

ИЗДВОЕНИ