среда, ноември 25, 2026
Дома СКОПСКА Има пари за луксузен автомобил, ама нема за паркинг – тревникот во...

Има пари за луксузен автомобил, ама нема за паркинг – тревникот во центарот стана паркиралиште/ФОТО

1

Сопственикот на луксузен „јагуар“ паркиран во тревник во центарот на Скопје – очигледно има пари за скап автомобил, но нема да плати паркинг, па возилото го паркирал на зелена површина.

На истата зелена површина се паркирани уште две возила, претворајќи го тревникот во импровизиран паркинг.

Наместо да платат и да ги користат местата за паркинг-простор, несовесни возачи одлучиле зеленилото да го претворат во паркинг, игнорирајќи ги правилата и јавниот простор.

 

Сликата од центарот на Скопје повторно го отвора прашањето за културата на паркирање и односот кон јавните зелени површини во градот.

ИЗДВОЕНИ