четврток, октомври 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Половина ден сонце, попладне дожд – така ќе продолжи и во наредните...

Половина ден сонце, попладне дожд – така ќе продолжи и во наредните денови

131

Под влијание на циклонска активност времето денеска до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме. Во сабота и во понеделник повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме.

ИЗДВОЕНИ