вторник, ноември 17, 2026
Дома СКОПСКА Полнач за електрични возила и агрифотоволтаичен систем во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“

Полнач за електрични возила и агрифотоволтаичен систем во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“

1

Општина Ѓорче Петров продолжува да ги зајакнува своите активности за енергетска ефикасност, зелена мобилност и одржлив локален развој, потврдувајќи ја својата определба за создавање современа и еколошки одговорна општина.

На настанот „Енергетски заедници во локалната самоуправа: Од соларна енергија до зелена мобилност –  II“, Општина Ѓорче Петров го претстави својот придонес во развојот на енергетските заедници и успешната соработка со граѓанскиот сектор и стручните организации.

Во рамките на иницијативата се издвојуваат два значајни проекти кои претставуваат конкретен чекор кон поодржлива иднина. Првиот проект се однесува на унапредување на зелената мобилност, преку поставување полнач за електрични возила на паркингот на Општина Ѓорче Петров, во партнерство со здружението „Гоу грин“.

Вториот проект предвидува воспоставување иновативен агрифотоволтаичен систем во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, преку проектот „Комјунити солар гарден“, во соработка со здружението „Изгрејсонце“. Со оваа иницијатива се отвораат нови можности за користење на сончевата енергија и примена на современи одржливи решенија во образовните установи.

– Посебно признание беше упатено до здруженијата „Гоу грин“ и „Изгрејсонце“, како и до Смарт АП – Лабораторијата за социјални иновации и сите партнери кои со својата стручност, посветеност и иницијативност придонесуваат за реализација на овие проекти. На настанот беа доделени и благодарници како знак на признание за нивниот придонес и успешната соработка – соопштија од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму додаваат дека ваквите партнерства се особено важни за креирање и за спроведување проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните.

ИЗДВОЕНИ